Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Емил Угриновски влегува во градежниот бизнис
Економија

Емил Угриновски влегува во градежниот бизнис

16/03/2023

AA

Бизнисменот Емил Угриновски станува инвеститор во градежниот сектор со новоотворената компанија Форб Инвестмент, заедно со својот син Кристијан Угриновски, кој е управител на претпријатието чија дејност е изградба на станбени и нестанбени згради.

Сопственикот и генерален директор на Неуромедика досега беше познат исклучиво по бизнисот во здравството, а за „Фактор“ вели дека веќе има неколку проекти на лагер со кои ќе се испроба во новата дејност.

– Да, точно е дека влегуваме во градежниот бизнис, кој ќе го води мојот син Кристијан, како млад успешен менаџер, кој успешно го одработи својот старт-ап бизнис со Gyro house, со кој докажа дека и младите луѓе во оваа држава имаат знаење и можат уште како многу млади да имаат одличен успех.

Проектот со градежниот бизнис ќе го води тој, а планирани се проекти за изградба на станбени и деловни единици, ни изјави докторот.

Неговата болница, која има и повеќе експозитури низ земјата и во Грција, минатата година ја прослави 30-годишнината од своето постоење. Здравствената установа се занимава претежно со дијагностика и превентива и е меѓу оние со најголеми приходи. Во 2017 беше отворена новата болница со вредност од вложени осум милиони евра.

Инаку, становите во Македонија не престануваат да поскапуваат и градежниот бизнис останува примамлив и за оние кои никогаш претходно не се занимавале со него, а особено примамливо е колективното домување како сектор. Според податокот на Народна банка за последниот квартал од минатата година, годишната стапка на раст кај цената на становите изнесува 20,6 отсто.

Всушност, минатата година беше година на убедливо најголеми поскапувања на станбениот квадрат, започнувајќи со годишна стапка на раст од 12,4 отсто во првиот квартал, по што следуваше второто тримесеје со стапка на пораст од 16,5 проценти. Следуваше третиот квартал со своевидна драма на пазарот на недвижности, поскапувајќи ги становите на годишно ниво за 21,2 отсто, и четвртиот, со минорно пониска, но сепак многу висока стапка на раст на цената од 20,6 проценти.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy