
Елмас стартува од клупа, Клоп со тинејџерот Бајчетиќ против Реал Мадрид (ФОТО)
Клоп со тинејџерот Бајчетиќ влегува во клинч против Реал, чиј кормилар Карло Анчелоти го стави Феде Валверде подефанзивно во триото во средниот ред, за да отвори простор за Родриго како дел од тројката во напад со Винисиус Жуниор, поддршка од крилата, за центарфорот Карим Бензема.
Спалети, пак, само една промена направи во стандардната формација и тоа Оливеира доби шанса на лев бек пред Марио Руи, а Кварацхелија и Лозано ќе бидат поддршката за Виктор Осимен, додека Зиелински, Лоботка и Ангиса е триото во средниот ред.