
Елмас: Сонувавме за оваа победа, сакаме Европско и Светско
Македонската фудбалска репрезентација вечерва заокружи убедлива победа од 5:0 против Лихтенштајн, со што ги освои новите три бодови и се искачи на врвот на табелата. На натпреварот головите ги постигнаа пет различни фудбалери, што ја потврди колективната сила на тимот.
„Среќен сум за оваа победа. Најважно беше да ги освоиме бодовите и сметам дека заслужено триумфиравме со 5:0. Секогаш кога играме, влегуваме со цел да победиме и да го оствариме нашиот сон – да играме на Европско и Светско првенство. Сакам да бидеме идоли за новите генерации и поттик за младите деца кои сонуваат за фудбал,“ изјави Ељиф Елмас, стрелецот на првиот гол.
Следниот предизвик за нашите репрезентативци е Белгија, на гостински терен, на 10 октомври.