
Елмас со двете наши знамиња поздравен од Македонците во Лајпциг (ФОТО)
Неговото присуство во составот на Ред Бул беше доволна провокација за македонската заедница во овој германски град да се најдат на трибините на стадионот и со знамиња да го поздрават својот миленик. Покрај официјалното државно знаме, навивачите го истакнаа и старото знаме со сонцето од Кутлеш на кое беше испишано името на новиот клуб на македонскиот репрезентативец.
Елмас на почетокот од годинава направи трансфер од Наполи во Лајпциг за сума од 25 милиони евра.

