Елмас остана на клупа, Лајпциг испука „петарда“ против Келн
Симонс погоди за водство од 1-0 во 15. минута, а само 180 секунди подоцна Адамјан стрелаше за 1-1.
„Биковите“ постигнаа уште четири гола во вториот дел, и тоа два преку Опенда, а по еден постигнаа Поулсен и Хаидара.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса и остана на клупата на Лајпциг.
Лајпциг е на четвртото место во германското првенство со 49 бодови по 26 одиграни кола.