Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Електронскиот гигант Јагео влегува во ТИРЗ – најголема инвестиција од независноста вредна 205 милиони евра
Македонија

Електронскиот гигант Јагео влегува во ТИРЗ – најголема инвестиција од независноста вредна 205 милиони евра

18/04/2023

AA

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата „Јагео“ денеска во Таипеи го потпишаа договорот за нова досега најголема гринфилд инвестиција во земјата од независноста. „Јагео“ ќе инвестира 205 милиони евра и ќе отвори 3900 нови работни места. На церемонијата која се одржа во седиштето на „Јагео“, преку конференциска врска се вклучи и премиерот Димитар Ковачевски.

„Јагео“ ќе произведува електро-компоненти за различни индустрии. Производствените погони ќе бидат лоцирани во ТИРЗ Скопје 1 и во ТИРЗ Штип. Преговорите за инвестицијата траеа речиси една година, а земјава е избрана како најдобра во конкуренција со останатите од регионот и пошироко, посочи извршниот директор на „Јагео“, Дејвид Ванг.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

„Со Северна Македонија имаме одлично искуство. Сепак, две работи беа клучни зошто ја одбравме за нашата инвестиција: увидовме дека е стабилна, со квалификувана работна сила, а и Владата беше максимално посветена и имаше исклучително позитивен однос кон нас. Тоа можеби беше и пресудно. Ни излегуваше секогаш во пресрет и тука беше за секој наш проблем“, изјави Ванг.

Деспотовски, нагласи дека денешното потпишување на Договорот е потврда дека со знаење, желба и истрајност, можеме да оствариме големи резултати.


„Процесот не беше воопшто лесен. Во конкуренција беа многу земји, меѓу кои Хрватска и Србија. Но, ние успеавме во таа трка и ние сме денеска тука, на оваа маса, да потпишеме договор. Со оваа инвестиција стануваме дел од мапата земји кои обезбедуваат витални компоненти за производители како „Тесла“ и „Епл“, подвлече Деспотовски.

Според него, компаниите во зоните вработуваат близу 17 000 лица, а влезот на “Јагео” ќе значи 30 отсто плус работна сила од оваа бројка.


Честитки за инвестицијата упати и премиерот Ковачевски.

„Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, вредна 205 милиони евра и нови над 3 900 работни места. „Јагео“ е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40 000 вработени ширум светот. Со новиот концепт на поттикнување инвестиции успеавме, да ја ставиме нашата земја високо на мапата инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни вложувања.
Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на инвестиции и поддршка на ивестициите во ТИРЗ. Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра“, нагласи премиерот.

Инаку „Јагео“ е  водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, основана во 1977 година. Има 49 производствени капацитети на глобално ниво со 40.000 вработени, со годишен обрт од над 4 милијарди долари.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy