
Ел Класико во август во САД, трета година по ред
Дуелот е закажан за 3 август во Њу Џерси, на стадионот Метлајф кој е дом на Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс. Тоа ќе биде четврто Ел Класико во САД, а трето во последните три години откако претходно двете екипи играа во 2017 во Мајами, во 2022 во Лас Вегас и лани во Далас. На сите три меча славеше Барселона, последниот пат со 3-0.
Покрај Ел Класико, Барселона во САД ќе се сретне и со манчестер Сити на 30 јули и Милан на 6 август. Реал, пак ќе игра со Милан на 31 јули и со Челси на 6 август.