
Ексум е сериозно повреден, на патерици се враќа во Белград (ВИДЕО)
Докторот на Партизан во разговор со српските медиуми откри дека Ексум е тешко повреден по потегот на Јабуселе.
„Му пукна тетивата на вториот прст на стапалото. Тоа е тешка повреда, на патерици се враќа во Белград каде што мора да направиме дополнителни прегледи. Повредена му е и усната. Јабуселе го фрли на паркетот. Можеше да биде полошо, да му го повреди и рбетот. Вакво нешто немаме видено досега“, откри докторот на Партизан.
Divljački potez Jabuselea u Madridu, Eksum morao napustiti dvoranu! 😲 pic.twitter.com/N9R9OA2ml7
— TeleSport.rs (@TelesportRS) April 27, 2023
