
EКСТРЕМНО ЖЕШКО: Во Србија се измерени 50 степени
Во Србија се измерени 50 степени.
Во Чачак, во попладневните часови, еден од мерачите во строгиот центар на градот покажа неверојатни 50 степени.
„Денес Чачак е град на духови, нема жива душа. Ненормално е топло, не знам колку е официјално измерена температурата, но субјективното чувство е точно како да е 50 степени. Не можеш да дишеш, не може да функционираш“, изјави за РИНУ Милица Богдановиќ од Чачак.
Терасите на кафеаните беа целосно празни.
И во Македонија имаме топлотен бран. Идната недела ќе биде уште потопло.