
Експлозии во фабрика во Тајван, стотици повредени
Најмалку пет лица, меѓу кои пожарникари и работници, загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во експлозија во фабрика во јужниот дел на Тајван.
Експлозијата се случи доцна синоќа во фабриката за голф топчиња на производителот Launch Technologies во округот Пингтун.
Операцијата за спасување и пребарување продолжи денеска во текот на ноќта и до раните утрински часови, објави Централната новинска агенција.
Тројца пожарникари, како и маж и жена кои работеле во фабриката, загинале, соопштија властите, цитирани од тајванската новинска агенција. Уште најмалку пет лица, меѓу кои и еден пожарникар, се блокирани на местото на настанот.
Експлозијата предизвика уривање на дел од зградата на фабриката, а неколку луѓе останаа заробени под урнатините. Десетици повредени утринава се пренесени во болница. Локалните медиуми објавија дека бројот на загинати може да се зголеми.
Властите соопштија дека причината за пожарот и експлозијата се уште е под истрага.
Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и премиерот Чан Санчен изразија сочувство до семејствата на загинатите.
Фото: Архива