Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Експлозија во трговско пристаниште на југот на Иран: 25 загинати и стотици повредени
Македонија

Експлозија во трговско пристаниште на југот на Иран: 25 загинати и стотици повредени

27/04/2025

AA

Најмалку 25 загинати и стотици повредени е билансот од експлозијата што вчера го потресе најголемото трговско пристаниште на југот на Иран, соопштија денеска иранските медиуми.

„Најмалку 25 лица загинаа“, пренесе агенцијата Тасним, повикувајќи се на шефот на судските власти во јужната провинција Хормозган, каде што се наоѓа пристаништето Шахид Раџаи.

Државната телевизија претходно денеска јави дека најмалку 18 лица загинале, а 800 се повредени. Новинар на телевизијата јави дека „пожарот е под контрола, но сè уште не е целосно изгаснат“, известувајќи од местото на настанот.

Експлозијата и последователниот пожар се случиле вчера околу пладне во важната трговска лука Шахид Раџаи, во близина на големиот град Бандар Абас, кој излегува на Ормускиот теснец низ кој поминува една петтина од светското производство на нафта.

Претседателот Масуд Пезешкијан наредил да се утврди причината за катастрофата.

Според соопштението на државната телевизија, несреќата најверојатно била предизвикана од пожар во складиште со опасни и хемиски супстанции.

„Њујорк Тајмс“ пренесе дека експлозијата била предизвикана од натриум перхлорат, супстанција што се користи во составот на цврстото гориво за ракети. Американскиот весник се повикал на неименуван извор од Чуварите на револуцијата, идеолошката војска на Иран.

Пожарникарските екипи цела ноќ се бореле со пожарот, кој зафатил и бројни контејнери во пристаништето.

Ударниот бран од експлозијата бил толку силен што најголемиот дел од зградите во пристаништето биле тешко оштетени, соопшти новинската агенција Тасним.

Националната компанија за дистрибуција на нафта, сепак, информираше дека нафтените инсталации не се оштетени и дека работат „нормално“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45642
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy