
Експлозија на плинска боца во Кичево – една жена повредена!
На 01.08.2025 година во 11:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Р.М.(57) од Кичево која во својот дом на улицата „Влашки пат“, менувала стара со нова 12 литарска плинска боца, предизвикала експлозија.
Притоа, Р.М. се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница во Кичево за укажување на помош. Увид на местото извршија полициски екипи.