Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Експанзија на фотоцентрали до фабриките во индустриските зони
Економија

Експанзија на фотоцентрали до фабриките во индустриските зони

03/04/2024

AA

Нормак Инвестмент, операторот кој во јавно-приватно партнерство со државата е косопственик на индустриската зона во Тетово, доби лиценца за пробно работење од Регулаторната комисија за енергетика за изградба на голема фотоцентрала од 10 мегавати, Истовремено, Дирекцијата на ТИЗР пред неколку дена склучила договор со компанијата „Зобек Мајнинг“ за околу 6,5 милиони евра да го расчистува теренот за поставување на фотонапонски централи на земјиште во преостанатите шест индустриските зони.

Својата приватна инвестиција „Нормак Инвестмент“, инаку конзорциум од норвешки фирми, како концесионер на слободната индустриска зона Тетово, ќе ја гради во блок 3, а директорот Александар Зарков во телефонски разговор ни рече дека тоа е неопходно бидејќи доаѓаат времиња кога ќе мора да се произведува на струја од обновливи извори на енергија.

– Оваа фотоцентрала не се гради за да ни донесе пари, туку затоа што фабриките кои се во нашата зона ги извезуваат своите производи во земјите од ЕУ. Таму од 2025 ќе има политика за зелено оданочување и нови услови за увоз, така што нашите фабрики ќе мора да прикажат во своите трошоци дека произведувале со „зелена енергија“, ни рече Зарков.

ТИРЗ Тетово е единствена економска зона која работи на принципот на јавно-приватно партнерство. Со зоната менаџира компанијата „НОРМАК инвестинг груп“, и според изградените капацитети и бројот на вработените во зоната, таа сега е најголемиот работодавец во Полошкиот Регион. Уште пред две години најави дека ќе прерасне во зелена зона, односно самата ќе произведува електрична енергија од обновливи извор

Пред неколку дена на системот за јавни набавки беше објавено дека Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони склучила договор од 412 милиони денари со „Зобек Мининг Груп“ за „уредување и подготовка на земјиште наменето за јавно-приватно партнерство за поставување на фотоцентрали“. Дирекцијата веќе има соработка со оваа компанија која го нивелира земјиштето во штипската индустриска зона.  Според договорот, оваа компанија ќе гтреба да го уредува и подготвува непристапното земјиште во зоните Скопје 1, Скопје 2, Штип, Прилеп, Струмица и Струга за потоа таму да никнат централи. 

Дирекцијата пред извесно време постигна договор по јавниот повик за јавно-приватно партнерство со турската „Фидес Електрик“ која ќе стопанисува со две фотоцентрали од по 4 мегавати, но само во зоните Струмица и Струга. Она што ќе го подготвува и расчистува „Зобек Мининг“ практично ќе биде платена услуга од државата за идните оператори на фотоцентралите како што сега е „Фидес Електрик“. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, ни изјави дека трошоците за расчистување на терените ќе се вратат од операторите на постројките. 

– Станува збор за гранични парцели во зоните, кои се речиси неупотребливи и полни со дупки. „Зобек Мајнинг“ ќе расчистува во Струмица и Струга, а плаќањето за другите зони ќе се одвива во зависност од тоа дали на повиците ќе се јават енергетски компании што ќе сакаат да постават постројки во Скопје, Штип и Прилеп. Ние ќе ги вратиме трошоците, бидејќи 10 отсто од продадената струја ќе биде за нас, а исто така има и посебни тарифи за надоместок за земјиштето, вели Деспотовски.

Пред точно една година АЕ Солар Инвест доби привремена лиценца за производство на електрична енергија од фотонапонска централа од Регулаторната комисија за енергетика и стана прва компанија што ќе гради во некоја од индустриските зони во земјата и при тоа струјата ќе може да ја продава на слободниот пазар.
Фирмата која е регистрирана пред две години е во сопственост на Ариан Етеми од Брвеница и произведува електрична енергија од крововите на индустриските капацитети во ТИРЗ Тетово.

A.K.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy