Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ексклузивно интервју со Амар Салиу: „Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living' со Блок Ц“
Економија

Ексклузивно интервју со Амар Салиу: „Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living' со Блок Ц“

02/10/2023

AA

„East Gate Living“ ја продолжува својата приказна
за модерен начин на урбано живеење од затворен тип, каде што комплексот ќе
добие уште две нови станбени единици со изградбата на Блокот Ц.

Прва фаза ‒ моменталните четири згради што се дел од комплексот „East
Gate Living“ во Блок А и во Блок Б се во финална фаза на изградба и понатамошно
вселување на новите станари во комплексот.

Вторa фаза – изградбата на Блок Ц (зграда Ц1 и
Ц2) започнува сега, а ќе биде завршена до крајот на 2025 година.

Третa фаза
‒ изградбата на Блок
Д и Блок Е (четири згради) ќе започне во втората половина на 2025 година.

За
продолжувањето на изградбата на новите згради во Блок Ц зборуваме со
Генералниот директор на компанијата СМС Шопс, која е инвеститор во комплексот „East
Gate Living“, господин Амар Салиу.

Господине Салиу, Вашата улога во резиденцијалниот
комплекс „East Gate Living“ започнува уште во првата фаза на градба со изградба
на станбената единица Б2 во Блок Б. Компанијата што ја менаџирате, СМС Шопс (во
јавноста позната како
SMS Construction), во
своето портфолио вбројува успешни деловни и станбени проекти, наградени со
престижни награди. За Вас, ова е прво искуство со изградба на станбен комплекс
од затворен тип. Какво е досегашното искуство со продажба на станови, дали има
интерес за ваков тип станбен комплекс?

Салиу: Започнувањето
со ваков тип градба претставуваше голем предизвик и чекор за нас како компанија,
која пишува успешна приказна во градежниот сектор уште од 1996 година. Изградбата
на квалитетни станбени објекти директно е поврзана и со градењето доверба и
сигурност кај секој наш клиент. Во изминатите години создадовме репутација на
компанија што гради според највисоки стандарди за квалитет, со навремена градба
и ги следи сите процедури.

Доказ за нашата професионалност и за квалитетна
градба се добиените награди „Гран-при на БИМАС“, доделени за следните три
објекти:

· 
во 2000
година за станбено-деловниот објект „Титаник“, лоциран на ул. „Џон Кенеди“ во населба
Чаир, Град Скопје;

· 
во 2006
година за индустрискиот објект „Порше Македонија“, лоциран во Скопје Север,
Град Скопје;

· 
во 2018
година за деловниот објект „Челзи бизнис-центар“, лоциран во строгиот центар на
Скопје.

Оттука,
зедовме уште поголем замав во создавањето повеќе станбени единици што ќе бидат
дел од единствен модерен станбен комплекс од затворен карактер, граден според највисоки
светски стандарди. Во првата фаза на проектот се соочивме со големи предизвици,
на кои одговоривме со издигнување на комплексот до точка на препознатливост за да
биде најбараната локација за живеење на луѓето. Самиот комплекс нуди големи предности,
кои купувачите ги препознаваат. Во изминатиот период бележиме продажба на
речиси сите станови и подготвени сме да ги дочекаме првите станари на комплексот
до крајот на оваа година.

Во следната фаза продолжува изградбата на Блок Ц,
каде што продолжувате како единствен инвеститор на комплексот. Што ќе понуди
новиот Блок Ц во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“?

Салиу: Продолжувањето
на приказната со изградба на Блок Ц отвора нови можности и нови две станбени единици
на вкупна површина од 60.000 м2.
Новите 2 згради ќе продолжат да се градат според највисоки стандарди за градба
како и досегашните 4 згради, имплементирајќи А++ технологија за поголема
енергетска ефикасност, систем за паметно домување „Smart Home“, топлотна и
звучна изолација, како и висококвалитетна столарија, санитарии и паркет во
секој дом. Самиот комплекс располага со голема зелена површина од +25.000 м2 и партер со разновидна
содржина за жителите на „East Gate Living“. Блокот Ц ќе понуди нови 388
станбени единици во двете згради што ќе имаат по 13 ката. Во понудата на станови ќе бидат достапни квадратури за
секого, од гарсониери до пространи пентхаус станови.

Резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“
претставува совршен дом за секого, а тоа го докажува и фактот што е најбараната
локација за живеење во изминатите 2 години од изградбата на првите 4 станбени
единици.

Достапност,
пристапност и сеопфатни содржини се дел од самиот комплекс што е лоциран
непосредно до најмодерниот шопинг-центар во Скопје, „East Gate Mall“. Дополнително,
во составот на самиот комплекс се достапни и деловни простории што ќе ја збогатат
содржината. Комплексот е од затворен тип и има највисоко ниво на безбедност, а со
тоа придонесува секој станар да се чувствува безбедно во своето секојдневие.

Какви се Вашите планови во поглед на темпото на
градба? Покрај Блокот Ц, во составот на комплексот „East Gate Living“ ќе бидат
достапни вкупно 10 згради.

Салиу: Во
моментов сме фокусирани на тековната инвестиција и на изградбата на двете
згради во Блок Ц. Нашиот план е изградбата на двете згради да биде финализирана
кон крајот на 2025 година, а во меѓувреме, како што ќе тече работата со
финализирањето на Блок Ц, ќе започнеме со подготовки за изградба на Блок Д и Блок
Е. Дополнително, во овој период комплетно ја финализираме првата фаза со
уредување на партерот и со топло добредојде на нашите први станари во
резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy