
Екс-вардарецот Циндриќ ја поведе Барса во Келн – на гости го суредија ГОГ!
Барселона ја потврди апсолутната фаворитска улога уште од самиот старт, а ГОГ во ниту еден момент не им се закани, па предноста од еден-два гола во текот на првиот дел ги донесе до плус четири на полувремето (19-15), а во вториот дел Каталонците беа уште посигурни и подобри за после половина втор дел да дојдат до најубедливите плус осум (30-22) и до крајот да стигнат до убедливата победа со седум разлика.
Блескаше екс-вардарецот Лука Циндриќ со девет гола како предводник на Барса.
ПСЖ после гостинската победа кај Кил е со една нога во Келн, па реваншот дома исто така треба да им биде формалност, додека најнеисвесно ќе биде во друтие две четвртфиналиња кои завршија без победник. Висла Плоцк и Магдебург вчера ремизираа 22-22, а Веспрем и Кјелце денеска 29-29.
