
Екс-репрезентативецот Бранислав Ангеловски е нов спортски директор на Пелистер
Битолчани денеска го промовираа Ангеловски за прв спортски оперативец, кој ќе биде засолжен за спортскиот сектор во пресрет на новата сезона и предизвикот со настапот во Лигата на шампионите, но и битката да се одбрани шампионскиот трофеј во домашното првенство.
Ангеловски е поранешен ракометар на Пролет, Вардар, Металург, а во кариерата играше и за хрватски Загреб, швајцарски Винтертур, француски Тулуз, Костанца од Романија и Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.
Новиот спортски директор му беше помошник на селекторот Кирил Лазаров во македонската репрезентација и тренер на вториот тим на Алкалоид, Мулти Есенс со кој обезбеди Суперлиба без пораз, а сега го наследува Димитар Митревски, кој ја извршуваше оваа функција до денеска.

