Екс-репрезентативец на Сирија загина во стравичниот земјотрес во Газиантеп!
Јукадер беше репрезентативец на Сирија и во 14 настапи даде девет гола, а многу голем белек остави за Ал Ватба и Ал Фајсали. Во фудбалска пензија замина во 2008 година, а лани имаше кратка тренерска авантура во Либан, пред да се врати во разурнатата татковина, која пред земјотресот ја погоди голема војна и разурнувања.
„Ал Ватба жали за трагичните вести и загубата на нашиот поранешен фудбалер и големо име на сирискиот спорт, Надер Јукадар и неговиот син Таџ, кои утринава го загубија животот од силниот земјотрес кој ја погоди нашата земја“, објави клубот.
Епицентарот на стравичниот земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер кој ја погоди југоисточна Турција беше во близина на Газиантеп, 90 километри од границата со Сирија.
Ex-jogador e treinador sírio Nader Joukhadar é uma das vítimas do terremoto que atingiu o território do seu país e da Turquia. Entre 1995 e 97 ele disputou 14 partidas e marcou 9 gols pela seleção local. pic.twitter.com/BKyq6n2Y0m
— João Renato Alves (@jrenato83) February 6, 2023