
Екс антикорупционерката Татјана Димитровска седнува на обвинителна клупа, одобрено е обвинението
Советот за оценка на обвинителниот акт одобри обвинение како продолжение на истрагата за случајот „Адитив“.
Овој случај опфаќа три лица, а меѓу нив е и поранешната претседателка на антикорупциската комисија Татјана Димитровска. Таа се товари за кривично дело – оддавање на службена тајна.
Од Кривичниот суд велат дека обвинителниот акт е доставен до судечкиот совет, а обвинителството веќе испратило предлог за спојување на двете постапки. Од тие причини, велат од судот, главната расправа за овој процес закажана за утре се одлага за втори септември.
