Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКОНОМИСТИ, ДОКТОРИ НА НАУКИ, МАГИСТРИ, МЕНАЏЕРИ – ова е новата раководна постава во прилепски Тутунски комбинат, отповикани се старите директори од претходната власт
Економија

ЕКОНОМИСТИ, ДОКТОРИ НА НАУКИ, МАГИСТРИ, МЕНАЏЕРИ – ова е новата раководна постава во прилепски Тутунски комбинат, отповикани се старите директори од претходната власт

05/11/2024

AA

И Тутунски комбинат од Прилеп има нов Борд на директори. 

Акционерските друштва каде што Владата е мнозински сопственик, едно по едно ги менуваат досегашните членови на управните одбори, поставени од претходната власт.

По Градскиот трговски центар, на ред дојде и Тутунскиот комбинат од Прилеп.

Од компанијата преку Берзата ја информираа инвеститорската јавност за новата постава во својот Одбор на директори.

Па така, за извршни членови во одборот на директори се именувами Александар Алексовски, кој е дипломиран економист и е избран за извршен член, потоа Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, кој ќе биде извршен член, Афродита Настеска, магистер по економски науки, која исто ќе биде ќе биде извршен член.

За неизвршни членови на Одбор на директори се избрани Гоце Николоски, менаџер по царинско и шпедитерско работење, како и Афродита Баталоска, магистер по казнено право.

Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за генерален директор на компанијата го избра Александар
Алексовски, а за претседател на Одборот на директори е избран Сашко Вељаноски, кој е исто така дипломиран економист .

А, како што веќе пишуваше Фактор, според предлозите за акционерското Собрание одржано на 4 ноември годинава, беа отповикани претходните членови на директорскиот борд. Ова беше предложено од доминантниот акционер на Тутунски комбинат Прилеп, а тоа е Владата.

Па така, на предлог на Владата беа отповикании претходните членови на Бордот и тоа Зоран Пачешкоски, Гоце Котески и Горан Тодоров, кои беа извршни членови на Бордот, потоа Сретен Богоески и Миле Велкоски, кои беа независни и неизвршни членови, како и Златко Сарев и Милаим Амеди, кои беа неизвршни членови.  

Во образложението за отповикување на сите овие членови беше наведено дека Собранието може да ги отповика сите членови на Одборот на директори, односно на Надзорниот одбор, односно член на овие органи и пред истекот на времето за коешто биле избрани. За одлуката за отповикување е потребно мнозинство гласови од акциите со право на глас, претставени на Собранието, освен ако со статутот не е определено поголемо мнозинство. Со статутот можат да се определат и други услови за усвојување на одлуката.

Во предлогот за именување на нови членови на Бордот, пак, тогаш не беа наведени имиња на новите предлози за највисокото раководство на комбинатот, а во образложението само стоеше дека тие ќе се изберат со мандат од четири години, како и дека членовите на Одборот на директори и членовите на Надзорниот одбор ги избира Собранието со мнозинство гласови од акциите со право на глас од кворумот определен за работа на Собранието.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy