Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКОНОМИЈАТА НЕ Е ТЕМА КОЈА МОЖЕ ДА ЧЕКА ДО БЕСКОНЕЧНОСТ
Економија

ЕКОНОМИЈАТА НЕ Е ТЕМА КОЈА МОЖЕ ДА ЧЕКА ДО БЕСКОНЕЧНОСТ

18/09/2023

AA

Управниот одбор на Комората укажува
дека се засилуваат дефицитите во македонската економија што ќе влијае на ново
задолжување. Затоа треба особено да се внимава на предизборните трошења кои
што ќе следат во наредниот период, да бидат под контрола и намалени.

Бранко Азески, претседател на Стопанската
комора на Северна Македонија

Членките на Управниот одбор на
Стопанската комора
, одржаа седница на која се дискутираше за
актуелната економска состојба во државата која ја зголемува и онака присутната
неизвесност на реалниот сектор. Да се биде во чекор со настаните несомнено бара
голем ангажман, визионерско размислување, како и соодветни технички и кадровски
потенцијали за да се одговори на барањата и потребите на компаниите. Што значи,
подготвени сме заедно со сите носители на економските политики да изградиме
просперитетна држава и не се откажуваме од таа цел.

1. Стопанската комора
на Северна Македонија останува на позициите на кои беше, е и ќе биде дека е
независна, непрофитна и невладина институција која функционира со една цел –
креирање предвидлив амбиент за водење бизнис, поголем профит и отворање на нови
работни места.

2. Сите бизнис
организации во нашата држава се наши партнери кои ја остваруваат истата наша
цел и со нив соработката ќе се интензивира.

3. Декларацијата за
општествен консензус за економски реформи во наредните десет години е
најдобрата почетна точка за промените, а договорот за соработка меѓу приватниот
и јавниот сектор треба да е старт на процесот кој ќе не доведе до европските
стандарди, владеење на правото и пазарната економија.

Идентични „фаци“ на претседателот на
СКСМ и претставникот на Европската Унија Аиво Орав. Сериозен поглед, раката на
уста, загрижени лица.

4.
Управниот одбор на Комората потенцира дека нашите членки редовно ги извршуваат
своите финансиски обврски кон државата, и затоа бараат:

А) Истото тоа (редовно
плаќање на финансиските обврски) да го прави и државата кон нив и да го
преиспита конечно, нашето децениско барање за промена на член 218 од Законот за
извршување.

Б) Прецизна примена на
концептот даночен календар во кој нема да има промена во даночната регулатива
доколку истата не е најавена шест месеци пред стапувањето во сила, а со која се
воведуваат нови финансиски обврски спрема компаниите.

В) Конечно да се
определи рок за да се елиминираат “парафискалните” давачки.

Г) Прецизна агенда за
промена на структурата на буџетот кој со 47,3% социјални трансфери не дава
гаранција за развој.

Д) Целосна
имплементација на Стратегијата за извозот 2024-2027 година;

Ѓ) Прецизно утврден рок
за реформи во јавната администрација со воведување на мораториум на нови
вработувања и врзување на нивните плати со растот на БДП.

Е) Радикално скратување
на трошоците на буџетот за непродуктивни трошења.

Ж) Стопанската комора
бара законска одредба дека на секој економски закон ќе мора да се направи
анализа после шест месеци од неговата примена.

Комората повикува на почитување на врвниот
принцип на лојалност кон државата, а сите наши членки и поединци се должни да
го следат примерот на оние наши претставници кои тоа јавно го направија.

П.С.Во минатата моја колумна најавив дека
Комората работи и на предлагање на големи инфраструктурни проекти за
искористување на компаративните предности на Македонија. Управниот одбор
формира група на експерти кои заедно со Стручната служба на Комората  ќе предложат соодветни решенија. На сликите
подолу гледате мала статистика за железницата и веќе изградениот нафтовод.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy