Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еко навики за подобро утре: Први вендинг машини поставени во македонските општини
Македонија

Еко навики за подобро утре: Први вендинг машини поставени во македонските општини

06/11/2023

AA

Во неколку општини во Македонија беа поставени повратни вендинг машини за селективно одложување на отпад, кои беа дочекани со доза на задоволство, но и љубопитност, поради придобивките кои тие можат да ги донесат за граѓаните. Општините како Струмица, Берово, Штип, Кочани, Крива Паланка и Струга поставија позитивен пример за тоа како да се подигне еколошката свест преку прифаќање на современи и иновативни практики.

Овие општини направија соработка со компанијата Пакомак, и ги поставија револуционерните повратни вендинг машини, обезбедувајќи им на своите жители алтернативен начин на селективно одложување на пластичните шишиња и алуминиумски лименки,  а истовремено и можност за освојување зелени поени и награди кои тие ги овозможуваат. Овие општини ги издвојува фактот што од општинскиот буџет издвоија симболични средства за буџетот на општината но големи за заштита на животната средина за да го стимулираат нивното население за користење на вендинг машините со доделувањето на зелените поени.

Што се покажа како успешен концепт за подигнување на еко-свеста во овие општини,  и силен придонес кон креирање еко навики во однесувањето на своите граѓани. Ова е пример што треба да го следат сите останати општини во земјава бидејки со овие стимулации се помалку отпад од пакување ќе завршува на депониите со што и ќе се намалат општински трошоци и од друга страна ќе имаме задоволни и едуцирани граѓани кој што ќе се грижат за околината во која што живеат – изјавуваат од општините.

Секој оној кој што сака да ги користи бенефитите од Вендинг машините ќе треба да ја има инсталирано на својот мобилен телефон мобилната апликација со превземање од Play Store или I Tunes и на тој начин може да ги одложи своите алуминиумски лименки и пластични шишиња во машините, заработувајќи вредни зелени поени во процесот.

Вендинг Машините фукционираат на тој начин што може да се добијат зелени поени, а тие поени на жителите им носат разни придобивки во замена за нивното селектирање. На пример за зелени поени во зависност од количината селектиран отпад се добиваат ваучери за пазарување во одредени маркети, ваучери за такси компании, ваучери за јавен превоз и други општински бенефити.

Апликацијата функционира едноставно така што се избира ваучер и се притиска плати/купи.

Оваа иницијатива не само што промовира почиста животна средина, туку и поттикнува активно учество во напорите за намалување на отпадот.

Со прифаќање на повратните вендинг машини на Пакомак општините се вклучија во одржливи практики а со непречената интеграција на технологијата и рециклирањето им дава моќ на граѓаните да имаат позитивно влијание врз животната средина. Со секоја рециклирана лименка или шише, поединците не само што заработуваат зелени поени, туку придонесуваат и за севкупната мисија за создавање посвесно општество.

„Се надеваме дека и останатите општини ќе го следат овој светол пример секој може да помогне да се создаде чувство на одговорност и почит кон околината и да ги спознаат граѓаните придобивките од рециклирањето и како тоа помага да имаме чисти општини. Во секоја општина која ќе пројави интерес за ваков тип на соработка Пакомак ќе постави повратни вендинг машини“ , изјави Ико Брдароски од Пакомак.

Грижата за животната средина и за околината во која живееме е сечија обврска, затоа што и придобивките од здравата и чиста околина треба да ги чувствуваме сите. Прифатете ги еколошките совети и изградете сопствени, одговорни еколошки навики што ќе го подобрат вашиот, но и животот на луѓето околу вас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy