Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕК: Законот за буџети ја зголемува фискалната одржливост, МФ континуирано ја јакне транспарентноста
Македонија

ЕК: Законот за буџети ја зголемува фискалната одржливост, МФ континуирано ја јакне транспарентноста

08/11/2023

AA

Новиот Закон за буџети со кој се воведуваат фискалните правила и Фискалниот совет, како и среднорочна буџетска рамка, значително ја зголемуваат фискалната одржливост, се наведува во Извештајот на Европската комисија за земјава. Како што посочуваат од Европската комисија, среднорочната фискална консолидација, која Министерството за финансии ја проектираше со Фискалната стратегија за 2023-2027 година, а согласно рамката на Законот за буџети, се практикува во Буџетот за 2023 година. Буџетскиот дефицит минатата година е реализиран дури под планираното, додека јавниот долг е намален. Се нотира и дека Министерството за финансии континуирано ја подобрува транспарентноста на јавните финансии.

Во Извештајот се наведува дека е направен напредок во имплементирањето на новиот Закон за буџети со изборот на независниот Фискален совет, кој треба да ја следи усогласеноста на фискалните правила со макрофискалните проекции, како и среднорочната фискална рамка согласно Фискалната стратегија. Минатата година е започнато и со подготивка на подзаконските акти со кои ќе се овозможи целосна имплементација на Законот за буџети, вклучително и поставувањето нумерички фискални правила. Во рамки на Министерството за финансии се работи на воспоставување на посебна единица за управување со јавните инвестиции.

Европската комисија истакнува и дека Министерството за финансии продолжува да ја унапредува транспарентноста преку објава на податоци за приходите и расходите на јавните институции, општините и државните претпријатија на квартално ниво. Се нагласува и дека треба да се работи на раст на човечките ресурси и капацитети на Министерството за финансии, особено оние поврзано со буџетските процеси, како и дека Министерството за финансии треба дополнително да ја зголемува ефикасноста на јавните расходи и нивната транспарентност во согласност со новиот Закон за буџети.

Нивото на реализација на Програмата за економски реформи (ПЕР) е подобрена, особено поради макро-фискалниот напредок. Се наведува и дека треба да се стави фокус на структурните реформи, идентификување на предизвиците, особено климатската транзиција и јакнење на капацитетите на јавните институции да одговорат на предизвиците поврзани со енергетската криза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy