Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕК ИТНО ДА ОБЕЗБЕДИ ПРЕОДЕН ПЕРИОД, ИЗЗЕМАЊА ИЛИ СПЕЦИЈАЛЕН РЕЖИМ ЗА ПРОФЕСОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ Во ризик се и економијата и репутацијата на ЕУ
Македонија

ЕК ИТНО ДА ОБЕЗБЕДИ ПРЕОДЕН ПЕРИОД, ИЗЗЕМАЊА ИЛИ СПЕЦИЈАЛЕН РЕЖИМ ЗА ПРОФЕСОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ Во ризик се и економијата и репутацијата на ЕУ

27/01/2026

AA

75.000 камиони од балканските земји ги блокираа границите кон ЕУ.

Советот на амбасадори изразува сериозна загриженост во врска со најавената примена на ЕТИАС системот (European Travel Information and Authorisation Sistem) која веќе резултира со блокади на граничните премини во земјите од Западниот Балкан.

„Иако воведувањето на ЕТИАС е легитимно од аспект на безбедносната и миграциската политика на Европската Унија, неговата примена во сегашната форма создава сериозни економски и оперативни ризици, како за Западниот Балкан, така и за земјите-членки на ЕУ. Во услови на изразена геополитичка неизвесност, нарушени глобални трговски текови и интензивирани напори за зајакнување на европските синџири на снабдување, секое
дополнително административно забавување на транспортот од Западниот Балкан има мултипликативен негативен ефект врз трговијата, инфлацијата и конкурентноста на европската економија, директно афектирајќи ги бизнисите и граѓаните од двете страни. Оттука, ова прашање не е регионално, туку заеднички економски ризик за ЕУ и нејзините најблиски партнери“, соопшти Советот на амбасадори.

Воедно, ЕТИАС дополнително ги оптоварува веќе постоечките гранични бариери – долгите чекања, недоволната дигитализација и неусогласената примена на правилата меѓу земјите-членки. Обврската за индивидуална ЕТИАС-авторизација создава дополнителен реален ризик од доцнења во испораките, прекини во синџирите на снабдување и зголемени трошоци за бизнисите, се додава во соопштението.

„Професионалните возачи не се „класични“ патници, туку дел од критичната транспортна инфраструктура за функционирање на пазарите во Западниот Балкан и во Европската Унија. Советот на амбасадори укажува дека идентичниот третман на транспортните работници од Западниот Балкан со оние од останати трети земји е во дисонанца со официјалниот статус на Регионот како стратешки партнер на ЕУ. Истото е спротивно и на заложбите за олеснување на трговијата, економска конвергенција и постепена интеграција на
Западниот Балкан во Единствениот пазар, предвидени во стратешките документи на ЕУ за регионот, вклучително и во Планот за раст за Западниот Балкан од 2023 година“, се вели во соопштението.

Без изземања или специјален режим за транспортните работници од регионот, се додава, ЕТИАС ја поткопува реализацијата на овие цели, наметнувајќи реален ризик де факто да ја продлабочи економската и регулаторната дивергенција меѓу ЕУ и Западниот Балкан.

„Советот на амбасадори ја поздравува стратегијата на ЕУ за трговска диверзификација, вклучително и продлабочувањето на трговските односи со Индија и земјите од Индопацификот, но укажува на потребата од регионална кохерентност. Со оглед дека компаниите од Западниот Балкан се веќе длабоко интегрирани во европските производствени и логистички синџири, воведувањето дополнителни бариери за нив создава недоследност меѓу глобалните трговски амбиции на ЕУ и нејзиниот однос кон најблискиот економски поврзан регион, поткопувајќи ја логиката на стратешка автономија и неарсхоринг што Унијата самата ја промовира“, соопшти Советот на амбасадори.

Предизвикот со ЕТИАС не е само правен, туку пред се оперативен и временски чувствителен, додава Советот.

„Оттука, Советот на амбасадори ја повикува Европската комисија итно да обезбеди привремено и практично решение – преку преоден период, изземања или специјален режим за професионалните возачи од Западниот Балкан – за да се спречат понатамошни блокади на граничните премини и нарушување на редовните транспортни текови, како и активно да ги вклучи ставовите на транспортниот сектор од регионот во креирањето на новата визна политика на ЕУ. Во спротивно, примената на ЕТИАС во сегашната форма носи ризик не само за економската поврзаност, туку и сериозен репутациски ризик за процесот на проширување, со потенцијално долгорочни последици врз кредибилитетот на политиките на Унијата во Регионот, токму во момент кога е неопходно негово зајакнување“, соопшти Советот на амбасадори.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy