
Егзодус кон Грција за Нова година – над 3.000 Македонци ја поминале „Богородица“ за 48 часа
Над 3.000 македонски државјани одлучиле новогодишната ноќ да ја поминат надвор од границите, упатувајќи се кон Грција. Ова го покажуваат официјалните податоци кои Министерството за внатрешни работи ги достави до 4news.mk.
Во периодот пред самиот дочек, граничниот премин Богородица работел со засилен интензитет.
Според статистиката за периодот од 30.12.2025 (08:00 часот) до 01.01.2026 (08:00 часот):
Ова покажува дека трендот на патување кон јужниот сосед за празниците останува висок.
Освен домашните, голема раздвиженост имало и кај странските државјани (туристи во транзит или гости од соседството).
Во истиот период од 48 часа:
Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk велат дека се подготвени за празничните бранови.
Се очекува зголемен интензитет на влез во државата во текот на денешниот и утрешниот ден, кога граѓаните ќе се враќаат од празничните патувања.
