Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕДС со нов деловен простор – симбол на нов почеток и раст во рамки на PPC групацијата
Македонија

ЕДС со нов деловен простор – симбол на нов почеток и раст во рамки на PPC групацијата

24/09/2025

AA

ЕДС официјално ги отвори своите нови канцеларии во Скопје, со свечен настан кој собра голем број гости од бизнис-заедницата, клиенти на компанија и медиумите. Настанот означува важен нов почеток за компанијата, која е дел од водечката енергетска групација PPC во Југоисточна Европа.

Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, во своето обраќање истакна дека изминатите години ЕДС покажа дека за своите клиенти е повеќе од снабдувач со електрична компанија и дека како компанија има капацитет да биде вистински и доверлив партнер.

„Новиот деловен простор што денеска свечено го отвораме е токму доказ за нашата подготвеност за тоа ‘повеќе’. Тој не е само простор за работа – туку простор за идеи, за иновации и за заедничка енергија. За нашите вработени тоа е инспиративна средина; за нашите партнери и клиенти – место каде секогаш ќе најдат професионалност, сигурност и поддршка. Приказната на ЕДС денес е дел од многу поголема приказна. Како дел од PPC групацијата, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, ја комбинираме нашата локална експертиза со регионалната сила и визија. Тоа ни овозможува да ја градиме иднината посигурно, посилно и со многу повеќе ресурси и знаење зад нас“, истакна Сарџовски во своето обраќање додавајќи дека ЕДС  ќе остане компанија ориентирана кон клиентите создавајќи решенија според специфичните потреби на бизнисите.

По повод отворањето на новите канцеларии на ЕДС дел од настанот беше и Заменик главниот извршен директор на PPC, Џорџ Каракусис кој ја истакна регионалната улога на компанијата која во моментов  располага со енергетски капацитет од 12,5 GW и опслужува повеќе од 8,8 милиони потрошувачи.

„ЕДС ја дели филозофијата на ППЦ – да обезбедува вредност, стабилност и ефикасност за бизнисите од сите сегменти. Овој настан е значајна пресвртница, но и чекор кон поголеми амбиции. ППЦ ќе продолжи да го поддржува растот на ЕДС и нивната посветеност да носат иновативни енергетски решенија за компаниите во земјата“, истакна заменикот главен извршен директор на ППЦ задолжен за продажба, Џорџ Каракусис.

Меѓу големиот број гости беше и поранешниот извршен директор на ЕДС, а сега главен директор за е-мобилност во PPC Group, Милтијадес Н. Бабилис.

Со отворањето на новите канцеларии, ЕДС дополнително го зајакнува својот капацитет да нуди иновативни решенија за снабдување со електрична енергија, тарифи скроени согласно потребите на компаниите и услуги што ја поддржуваат одржливата иднина на своите клиенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy