
ЕДО ќе гласа за Талат Џафери: Политичката поддршка за изборот на првиот премиер Албанец во земјата е историска акција
Европската демократска партија информира дека преку пратеникот Бастри Бајрами ќе го поддржи изборот на Талат Џафери за премиер на владата што ќе ги организира претседателските и парламентарните избори во земјава.
„Сметаме дека изборот на господинот Џафери за премиер е кулминација на политички процес долг повеќе од две децении кој ја нагласува борбата за политичка рамноправност меѓу етничките заедници и треба да влијае на градењето политичка кохезија за да се разбијат предрасудите за лидерските позиции во државата, кои до денес фанатично се сочувани како ексклузиви.
Политичката поддршка за изборот на првиот премиер Албанец во земјата е историска акција која без разлика на различните политички убедувања и партиска припадност треба да ги обедини сите албански политички сили бидејќи колку и да изгледа симболично, изборот на првиот премиер албанец во земјава руши многу бариери и служи во градењето на државата со инклузивни вредности како една од главните вредности на она кон што целиме, односно патувањето на земјата кон Европската Унија“, велат од партијата
