
Едно лице загина во сообраќајка кон ГП Богородица
Денеска (03.07.2024) во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од с.Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од с.Стојаково, општина Богданци. […]