
Едно и пол годишно дете во безсознание било донесено во болницата во Прилеп
Едноиполгодишно дете од селото Заполжани, општина Долнени, било донесено во безсознание во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп на 20 јули, околу 20:30 часот.
Според изјавата на родителите, детето било пронајдено во базен во нивниот двор. По укажаната итна медицинска помош, детето било префрлено на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата.