Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Една жена и нејзината ќерка загинаа во израелски воздушен напад во јужен Либан
Македонија

Една жена и нејзината ќерка загинаа во израелски воздушен напад во јужен Либан

21/02/2024

AA

Една жена и нејзината ќерка загинаа денеска во израелски воздушен напад врз село во јужен Либан, јави либанската државна новинска агенција (ННА).

Нападот врз селото Мајдал Зун уследи по серијата напади синоќа, вклучително и еден врз упориштето на Хезболах во планината Сафи и друг врз јужниот град Киам, објави Асошиетед прес.

ННА објави дека е убиена 40-годишната жена Кадија Салман, а анонимни безбедносни службеници ја идентификувале нејзината седумгодишна ќерка, која подоцна им подлегнала на повредите.

Од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, кој ја предизвика војната во Газа, либанскиот Хезболах, во знак на солидарност со палестинската исламистичка организација, речиси секојдневно разменува оган со израелската армија на границата.

Во текот на нешто повеќе од четири месеци, најмалку 271 лице загинаа на југот на Либан, главно борци на Хезболах, но и 42 цивили, според Франс прес.

На израелска страна, според армијата, загинале десет војници и шест цивили.

Проиранскиот Хезболах денеска објави дека извршил неколку напади врз позиции на израелската армија.

Еден од тие напади беше и одговор на израелските напади врз пограничните села и домовите на цивилите, се вели во соопштението, во кое не се споменува Мајдал Зун.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах минатата недела вети дека неговата организација ќе го натера Израел да плати со крв за цивилите убиени во Либан.

Тој го изјави ова неколку дена откако седум членови на исто семејство, меѓу кои една жена и нејзините две деца, беа убиени во израелски напади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy