ЕДНА ПЕКАРНИЦА КРАДЕЛА СТРУЈА КОЛКУ ЗА ЕДНО СЕЛО – КОД открива дека ЕВН фати познати угостители во кражби на електрична енергија
КОД: ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница
крадела струја колку за едно село
Околу 600 корисници краделе струја преку манипулација на броило кое ја
замрзнува потрошувачката. Најголемиот дел од нив се познати хотели,
кафулиња, кафеани, пекарници од Скопје и од земјата, лоцирани во Дебар мало,
на улица Македонија, во Лептокарија во Скопје, на Широк сокак во Битола и на
други атрактивни локации низ Македонија.
Кражбите на струја биле евидентирани од страна на системот на ЕВН кој веднаш реагира на отстапки во потрошувачката, по што екипите на ЕВН прават контроли на терен.
Во една пекарница утврдено е дека се украло струја во количество на просечна
потрошувачка на едно село. Со овој вид на манипулација на броилата, тие не
само што не евидентираат потрошувачка, туку и ја враќаат струјата назад.
Екипите на ЕВН излегле на терен и во еден ден на една локација извадиле 10
броила кои покажале големи грешки и фреквенции многу повисоки од
вообичаеното.
Поради закани на терен често пати екипи од еден град се
праќаат во друг. На овие броила покрај другите мерки им биле издадени
фактури по претпоставена вредност колку би потрошиле.
За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднел кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува.
Кражбата на струја е кривично дело и предвидена е казна затвор од 5 години и парична
казна за компаниите од 1.500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу
350 случаи на кражби на струја.
Повеќе во емисијата КОД на Телма
https://www.youtube.com/watch?v=qf_4RPZCASk