
Еди Рама со вештачка интелигенција направи заедничко видео со починатиот Исмаил Ќемали
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на социјалните мрежи објави видео создадено со вештачка интелигенција од негова „средба“ со Исмаил Ќемали.
„ДОБРО УТРО од Исмаил Беј и од мене, и имајте одлична 2025 година“, напиша Рама во видеото кое треба да претставува новогодишен поздрав.
Ќемали инаку е првиот претседател на независна Албанија.