Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еди Рама: Порано ќебиња и чаршафи си носевме за спиење во болница, сега Албанија е почитувана земја
Регион

Еди Рама: Порано ќебиња и чаршафи си носевме за спиење во болница, сега Албанија е почитувана земја

26/10/2024

AA

Премиерот на Албанија, Еди Рама, од Њујорк рече дека неговата земја на патот кон членство во Европската унија наликува на патот на секој албански имигрант во неговите напори да биде прифатен и интегриран кон ЕУ.

– Некогаш се гледаше Албанија со предрасуди, како што се гледаа Албанците. Никој од лидерите на европските земји не ја посети Албанија. Владата беше во долгови кон компаниите за изградба на патишта и комуналните претпријатија од јавниот сектор. 40 милиони долари бил долгот на владата само од неплатени обврски кон инвалидите. На компанијата што ја дистрибуираше електричната енергија и беа должни 1,3 милијарди долари. Албанците одеа во болница со чаршафи и ќебиња. Уништен беше системот за стерилизација, по улиците се расипуваа амбулантни возила и полициски автомобили. На секои три дена имаше убиство. Корупцијата беше на највисоко ниво. Туризмот го одржуваа во живот само имигрантите и Албанците од Косово и Северна Македонија. Времето на Албанија беше заглавено. Минималната плата беше 150 евра, искористеноста на работната сила беше под 50 проценти, рече Рама.

Овие работи, рече Рама, се промениле за само десет години и Албанија денес е почитувана земја во очите на меѓународната заедница.

– Денес, новиот ветер на државата дува се посилно и посилно, благодарение и на блиската соработка со нашите стратешки сојузници, САД, ЕУ. За 1 деценија двојно го зголемивме вкупното производство. Ги удвоивме минималните и просечните плати во јавниот сектор. Ја зголемивме работната сила на над 80 проценти. Денеска сме над регионалниот просек од над 900 долари по глава на жител. На културата на неказнивост и е зададен фатален удар. Сите Албанци, дури и да не се историчари, знаат толку многу историја што гледајќи наназад, за прв пат од 1912 година гледаат дека луѓето од власта се соочуваат со правдата. Никогаш досега поединец со висок политички профил не бил суден од суд кој не е контролиран од политиката. Горд сум што со гласот на Албанците водевме длабока реформа во правдата, што ниту една од земјите-членки на ЕУ не ја направи пред да влезе во ЕУ., порача Рама.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy