
Еден загинат во руско гранатирање на Харков, 3 жртви во зграда погодена од украинска граната во Доњецк
Два руски проектили го погодија центарот на градот Харков, во североисточна Украина. Една од ракетите погодила станбена зграда, изјави во Телеграм градоначалникот на градот Игор Терехов, пренесе Ројтерс.
Од ударот едно лице е повредено, а во задругата избувнал пожар.
Во исто време, од станбена зграда погодена од украинска граната вчера во градот Доњецк беа извадени телата на три мртви – двајца мажи и една жена, јави ТАСС, повикувајќи се на Алексеј Кулемзин, прорускиот градоначалник на градот.