Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес
Магазин

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

12/10/2025

AA

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а 18-годишно момче е тешко  повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија од МВР.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Како што информираат  од  Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите. 

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој  починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.

По укажаната прва медицинска  помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.

Екипа на СВР Штип прави увид на местото по што ќе бидат соопштени детали за несреќата. 

Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево  информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy