
Еден од убиените бил во врска со задругарката Алекс Николиќ?! – Ја тепал, малтретирал, ѝ забранил да работи…
Македонските медиуми не престануваат да пишуваат за вооружената пресметка во кафе барот во Старата скопска чаршија каде беа убиени две лица, а едно повредено.
Според неофицијални информации на српски Курир, едно од трагично повредените момчиња Ј.К. е поранешното момче на задругарката Александра Николиќ.
За потсетување, Алекс Николиќ пред неколку години беше во многу турбулентни односи со македонски државјанин, за кој во својата мачна исповед немаше пофални зборови, бидејќи, како што тогаш тврдеше, претрпела сериозно насилство.
Николиќ настапувала по клубовите во Македонија, каде запознала момче со кое почнала да излегува. Набрзо се преселила да живее кај него во Скопје. Таа во емотивната исповед го спомна и откри детали од бурната врска која целосно и го промени животот:
„Ја напуштив работата поради него, бидејќи ми забрануваше да играм. Добро се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше. Тој го направи тоа затоа што мислеше дека гледам во некој тип. Ме претепа толку многу што имав сериозна повреда на усната. Бидејќи цел живот гледав насилство, веднаш го напуштив. Никогаш не би простила ќотек! Тоа момче уште ми се заканува. Тој ми вели дека ќе објави некои информации за мене во јавноста. Мислам: „Прави што сакаш, само остави ме на мира“. Не знам дали ја има мојата експлицитна снимка. Не се снимавме, само ако тајно го правеше тоа. Не се плашам ниту од него, ниту од никого“, порача таа.
