Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еден од најмаркантните германски клубови е пред банкрот и гаснење
Спорт

Еден од најмаркантните германски клубови е пред банкрот и гаснење

31/01/2024

AA

Не така одамна, Шалке беше во кремот на германскиот и европскиот фудбал, а пред 20-тина година низ него поминаа плејада планетарни фудбалски ѕвезди кои направија блескави кариери.

Од почетокот на пандемијата со корона вирусот, ситуацијата целосно се смени, тимот влезе во финансиски проблеми, два пати во три сезони испадна од Бундеслигата, а сега му се заканува испаѓање и од Втората лига. Ако тоа се случи, ќе значи автоматски банкрот и гаснење на клубот.

Скај Германија пренесува дека поради лошото управување, долгот на Шалке пораснал на 165 милиони евра. Во таква ситуација, клубот не би можел да добие лиценца за настап во Третата лига и ќе мора да биде прогласен банкрот, па стечај, а овој Шалке ќе престане да постои и ќе се формира нов субјект кој ќе почне од аматерска конкуренција.

Тоа би била тотална катастрофа за Гелзенкирхен како фудбалски центар во Германија, а најмногу за клубот кој има седум титули во Бундеслигата, пет во Купот на Германија и една во поранешниот Куп на УЕФА. Во моментов Шалке е на 15. позиција на табелата во Цвајта, а во понизок ранг се селат екипите од 16. до 18. место.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026
Македонија

48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во

18/02/2026
Македонија

ОДЛОЖЕНО УТРЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ Обвинетиот

18/02/2026
Македонија

Собранието ги констатираше оставките на Марко Бислимоски и Цвета Ристовска

18/02/2026
Македонија

Уапсен Американец кај наплатна станица Демир Капија, приложил сообраќајна и

18/02/2026
Македонија

СДСМ: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да

18/02/2026
Македонија

Без паника: Ќе има вежба за евакуација во охридското училиште

18/02/2026
Македонија

АМЕРИКАНЕЦ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Одбил да даде документи,

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41615
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026

Територијалната противпожарна единица од Струмица уште од рано изутрина беше мобилизирана на повеќе локации. Најсериозниот пожар бил регистриран во излетничката населба Суви

48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во Србија

18/02/2026

По предлог на обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на две лица им е одреден

ОДЛОЖЕНО УТРЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ Обвинетиот Гроздан Милковски се лекува во

18/02/2026

Расправата за предметот „Кочани“ за пожарот во дискотеката „Пулс“, насрочена за утре, 19.2.2026 година, се одлага поради влошената здравствената состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy