Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еден од адвокатите се откажа од Палевски
Магазин

Еден од адвокатите се откажа од Палевски

19/03/2025

AA

Адвокатот Марјан Витановски го откажа полномошното за бранење на првоосомничениот за убиството на Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Провообвинетиот сега остана само со бранителот Јовица Страшевски.

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичен суд продолжува испитувањето на осомничениот Велибор Манев.

копјанецот Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за грабнувањата и за убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Велес на денешното рочиште во Кривичниот суд ќе го испрашува второобвинетиот за злосторствата, велешанецот Велибор Манев.

 Манев на минатото рочиште призна сè и директно го посочи Палевски како убиец на двете жртви, иако тој за време на целото судење негира дека е вмешан и тврди дека полицијата и Обвинителството политички го местат. Палевски по екстрадицијата од Турција, минатото лето, од притвор успеа да пушти неколку обраќања до јавноста во кои тврдеше дека убиецот на Панче и на Вања е Велибор Манев, а дека тој воопшто не знаел што планираат останатите тројца обвинети, односно Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. 

Минатата среда Манев откри нови, непознати моменти од страшното злосторство врз детето Вања.Рече дека Вања ја грабнале по грешка, а требало да грабнат жена на околу 40-годишна возраст, ќерка на некој бизнисмен, што живее во зградата. Откри и дека на кобниот 27 ноември 2023 година им бил трет, а не втор обид за грабнување на таа жена од влезот.

Додека раскажуваше како со Видевски ја врзале Вања и ја ставиле во вреќа, без да ѝ го видат лицето во темниот влез, таткото на девојчето Александар Ѓорчевски, кој е петтообвинет за помагање во грабнувањето, почна да се тресе од раскажаните детали, по што го изнесоа од судницата.

Најтешките моменти од сведочењето на Манев беа кога раскажа како го замолил Палчо да не го убива девојчето, затоа што ја грабнале по грешка, а таа не им ги видела маскираните лица, но тој го замолчел.

– Тој повторно почна да кажува да прекинам, дека ништо не разбирам, дека сè е таман, сè е чисто, нема што да се бере гајле. Дека првичната сума што ни ја понудил нема да може да се земе. дека ќе биде помала. Ние замолчевме. Се свртив да гледам кон лозјето, да видам во која од таму направените соби да се внесе девојчето. Додека гледав, Палевски пријде на детето со пиштол, со перниче во рака, му го испука куршумот преку перниче. Јас бев надвор од себе. Палевски се врати во пикапот, извади копач, мотика и ашов. Нови, неупотребувани. Ги фрли кон нас и ни нареди да ископаме дупка, за да се закопа детето. Копавме во таа смрзната земја. Тој ја фати од кај главата, ми рече ти земи ја, па јас и Влатко ја фативме кај нозете и заедно со Палевски ја спуштивме во дупката. Палевски ја извлече вреќата за спиење и ја фрли во цитроенот, со зборовите „и ова ќе гори“ – сведочеше Манев.

Тој раскажа дека не очекувал дека ќе има убиства, само грабнувања и дека Палевски му ветил 150.000 евра. По убиството на Панче не се откажал од грабнувањето на жената, затоа што Палевски му се заканил дека ќе го убие и него и неговата фамилија.

Значајно од сведочењето на Манев е и тоа што тој рече дека не го познава таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и дека тој не е вмешан во грабнувањето на девојчето. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy