
Еден час штама, а потоа драма во Каунас, Црна Гора во 94. минута испушти победа! (ВИДЕО)
Не се случуваше ништо до 57. минута кога Црна Гора даде гол, но погодокот им беше поништен поради офсајд.
Резултатот беше отворен во 71. минута кога Палаускас постигна гол за водство на Литванија од 1-0.
Предноста на Литванците траеше седум минути, тогаш Крстовиќ го изедначи резултатот на 1-1, а во 89. минута Савиќ постигна гол за комплетен пресврт и водство на Црна Гора од 2-1.
Во тие моменти се чинеше дека Црногорците ги освоија трите бодови, но не беше така. Во 94. минута Цернич постигна прекрасен гол за конечни 2-2.
