
Еден, ама – злато вреден: Педри ѝ го донесе шестиот триумф по ред на Барса (ВИДЕО)
Стрелец на победничкиот погодок беше Педри во 18. минута по одлична асистенција на Роберт Левандовски. Домаќинот во последната минута успеа да ја затресе мрежата, но голот на Чуквуезе беше поништен поради офсајд, за големо разочарување на навивачите на „жолтата подморница“.
Каталонците по 21. меч имаат 56 бодови, дури 11 повеќе од второпласираниот Рерал Мадрид, кој има и меч помалку.