
ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок кај местото „Маркови Кули“

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот ѝ ја одзеле чантата со пари.
Инцидентот се случил вчера попладне во Прилеп, во близина на местото викано „Маркови Кули“.
Жената успеала да се опорави од шокот, а полицијата веќе презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителите. Се истражуваат сите околности околу нападот.
.
