
ЌЕ ТРПИ ШТЕТА: Ако Германија замине од ЕУ ќе падне нејзиниот БДП
Напуштањето на Eвропската Унија(ЕУ) би ја чинело Германија 10 отсто од БДП.
Институтот за германска економија (ИФВ) предупредува дека цената на таквиот чекор е огромна. Ако Германија ја напушти ЕУ, „може да загуби околу 10 отсто“ од својот бруто домашен производ, изјави во вторникот за Рајнише пост (Рајнише пост) Кнут Бергман, шеф на берлинскиот огранок на ИФВ, пренесува СЕЕ.биз.еу.
„Зборуваме за загуба од 400-500 милијарди евра годишно, што го покажа и студијата за реалните последици од Брегзит“, вели Бергман.
Германија е извозно ориентирана земја и излегувањето од ЕУ тешко би ја погодило, но „покрај тоа би биле загрозени 2,2 милиони работни места“.
Алтернативата за Германија (АфД), десничарска партија во подем, сака да ја види државата надвор од ЕУ. Претседателката на AФД, Алис Вајдел неодамна изјави дека нејзината партија, доколку дојде на власт, ќе предложи реформи во ЕУ и враќање на дел од нејзиниот суверенитет на нејзините членки. Ако тоа не успее, рече таа во интервју за Фајненшл тајмс, АФД ќе започне дискусија за референдум за излез на Германија од ЕУ, по моделот Брегзит 2016 година.
Потегот на Германија да ја напушти ЕУ е широко наречен „Дексит“ исто како што излегувањето на Велика Британија од ЕУ се нарекува „Брегзит“.
foto freepik.com
