
ЌЕ СТАНЕ ЛИ ИГОР МИТЕВ НОВ ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ФЕРШПЕД“ – предлог од акционерка во компанијата, на потег Собранието
Игор Митев да биде нов член на Одборот на директори на шпедитерската компанија „Фершпед“, предлага една од акционерките на компанијата Анче Владичевска.
„Јас, Анче Влчадичевска од Скопје, како акционер во друштвото, го доставувам овој предлог со кој за неизвршен член на Органот на управување го предлагам лицето Игор Митев од Скопје“, се вели во предлогот на одлука која се бара да ја донесе Собрабнието на акционери, кое, пак, ќе се одржи на 31 мај.
Игор Митев би се избрал за неизвршен член на Фершпед.
Неговиот мандарт би траел до истек на мандатот на останатите членови на Одборот на
директори, односно до 17.05.2025 година, односно две години.
Оваа
Одлука ќер влезе во сила со денот на донесувањето.
Како образложение се наведува следново.
„Согласно измената на Статутот на ФЕРШПЕД АД Скопје и потребата од
проширување на составот на одборот на директори, Годишното Собрание на
акционери согласно одредбите од Закон за трговски друштва и Статутот на
друштвото донесе одлука како во дипозитивот“, се вели во образложението.
