Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе стане ли добар бизнис носењето работници од Азија во Македонија?
Економија

Ќе стане ли добар бизнис носењето работници од Азија во Македонија?

27/11/2023

AA

Агенции веќе некое време се приспособуваат на новите околности на пазарот на труд во Македонија и целат кон тоа преку посредување да донесат што е можно повеќе работници од Далечниот Исток, иако не може да се каже дека се којзнае колку етаблирани, бидејќи оваа дејност сеуште е во развој.

Благој Мејанџиев, бизнисмен од Велес и машински инжинер, се обидува да фати чекор со времето и веќе нашол партнер во романската Лумо ХР од Сибиу, познат вработувач на работници од источна Азија во регионот. Заеднички ја основал Лумо ХРМК во Велес со цел да има поголеми шанси за успех.

– Во Македонија веќе има неколку вакви агенции кои посредуваат во доведувањето на странски работници, а ние ќе работиме со тие од Шри Ланка и Непал. Тоа се квалификувани работници меѓу кои има управувачи на машини и заварувачи. Такви се бараат во индустриските зони, кај градежните компании и во текстилната индустрија. Но допрва ќе следува многу работа во правните процедури, иако веќе ме прашуваат овдешните компании кога ќе дојдат првите работници. Името на партнерот ќе помогне полесно да се стекнеме со доверба кај клиентите, иако може да се каже дека по ова прашање сеуште се гледа со несигурност во нашата земја, вели Мејанџиев.

Работниците од овој дел од светот, како што вели тој, се познати по нивната работна етика, квалификувани вештини и прилагодливост на работните услови. Тој смета дека и приширената квота за вработување странци во земјата остава простор за успех во оваа дејност.

– Тоа се задоволни работници и ние ќе треба да ги убедиме клиентите дека тие сакаат да останат тука, за овдешните плати, а не да бегаат или да го злоупотребуваат системот. Тие се луѓе на кои нивните земји свесно им помагаат во квалификувањето само да се спасат од сиромаштија. Треба да бидеме реални дека ние овде имаме работници од Турција и Кина, но тие бараат поголеми плати за да дојдат, тврди Мејанџиев.

Владата со одлука минатата година ја зголеми квотата на странци кои можат да бидат работно ангажирани на територија на Македонија на 5000 работни ангажмани, а веќе оваа квотата се зголеми на околу 8.000 на барање на стопанските комори и странските инвеститори. Како противтежа на ова е стравот дека отворањето на пазарот на труд во нашата земја ќе овозможи домашните работни места да бидат „заземени“ од странци.

– Во иднина тоа ќе се разработува. Ќе се отвораат такви агенции, но тоа засега е во зародиш. Бугарскиот кластер има дури и свој конзул кој контактира со државната агенција за вработување во Непал. Најголем проблем е тоа што сега имаме строг Закон од некое друго време. Ние поднесовме иницијатива за законски измени со кои треба да се тргне бирократијата и комплицираните процедури. Тоа е основен предуслов, вели Ангел Димитров, претседателот на Здружението на текстилна индустрија и конфекција.

Најчесто обид за бизнис во доведување на странски работници се македонски државјани кои се повратници од странство и ги задржале своите контакти, а со Отворен Балкан може полесно да се носат работници од Азија и преку српски агенции. Според последните бројки кои ги објави Агенцијата за вработување, само десетици работници од земји како Индија, Бангладеш и Пакистан дошле да работат во Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи претходно рече дека „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено и дека тоа е пракса во сите земји.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy