Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СНАБДУВА СО ПАРНО 500 ДОМАЌИНСТВА, А Е ДООЕЛ ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ, ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ – и официјално се потврди новиот газда на Топланата Север
Економија

ЌЕ СНАБДУВА СО ПАРНО 500 ДОМАЌИНСТВА, А Е ДООЕЛ ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ, ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ – и официјално се потврди новиот газда на Топланата Север

06/03/2024

AA

Се огласија од самата Топлана Скопје Север, од каде преку Македонската берза информираа дека нивни нов сопственик е компанијата „Орбита ИНВ ДООЕЛ“.

Она што е интересно е дека новиот газда на топланата која снабдува со парно 500 домаќинства, е друштво со ограничена одговорност на едно лице, и е всушност регистрирана за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги.

Со тоа се потврдија информациите на медиумите кои неофицијално објавија дека нов газда на топланата е компанија која не се занимава со оваа дејност, односно енергетика. 

Топланата Скопје Север се продаваше на јавна берзанска аукција по моделот се или ништо, и за неа се бараа 350 илјади евра од новиот сопственик. Ова следуваше откако Топланата претходно се нудеше за сума од еден милион евра, но тие пари никој не беше подготвен да ги плати, а потоа се бараа и 600 илјади, но и за оваа сума не се најде заинтересиран купувач. Но затоа на третата среќа за топланата, кога беше побарана сума од 350 илјади евра за сите акции, се појави заинтересиран купувач кој ги плати тие средства. 

Тоа значи дека Орбита ИНВ ДООЕЛ ги платила овие 350 илјади евра за топланата, а кои ќе влезат во стечајната маса на Топлификација во стечај, и потоа рамномерно ќе им се исплаќаат на доверителите.

Официјалната информација до инвеститорската јавност преку Берзата ја испратил претседателот на Управниот одбор на Топланата Скопје Север, Хусамет Агушовски, кој соопштува дека „кај Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје е направена промена во сопственичката структура во капиталот на друштвото, односно друштвото за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги Орбита ИНВ ДООЕЛ, на 26 февруари годинава, преку трговска трансакција на Македонската берза се стекна со 77.414 обични акции од издавачот Скопје Север, со што вкупно поседува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото“.

Во објавата се додава и дека Топлификација АД сопје повеќе не е акционер во  друштвото.   

Инаку, медиумите веќе објавија дека сопственик и директор на Орбита е Ари Шеј, како и дека компанијата е формирана во 2005-тата година, со основачки влог од над 76.000 евра.

Според податоците на бизнис мрежа, Орбита ИНВ се јавува како сопственик на уште три компании регистрирани во земјава, заедно со бизнисменот од Албанија, Глигор Јоти за кого неодамна имаше написи во медиумите дека е контроверзен поради сомнителни јавни набавки во државава и во Албанија.

Топланата Север снабдува со парно околу 500 скопски домаќинства, односно граѓаните во Чаир, Бутел и Топанско Поле, па иако нејзин газда досега беше приватна компанија, Топлификација, која е во стечај, во јавноста се крена голема бура околу цената по која е продаден овој објект, односно 350 илјади евра.

Дотолку повеќе што станува збор за објект кој засега 500 домаќинства, и затоа се смета дека е од јавен интерес.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy