Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Ќе се покачат и додатоците за други ранливи категории
Економија

ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Ќе се покачат и додатоците за други ранливи категории

04/11/2024

AA

Социјалната помош, но и други додатоци ќе се зголемат. 

Посебниот додаток за деца со посебни потреби ќе се зголеми за 30 отсто, а паричната помош за квадриплегија за 50 отсто. Тоа го најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани на петата трибина во рамките на Платформата „100 отсто Посветено за тебе“, со фокус на социјалната и здравствената заштита.

„Зголемените цени и влошениот животен стандард, секојдневно продуцираат уште поголема социјална нееднаквост. Затоа планираме: зголемен надомест за социјална заштита односно зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 отсто, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто. Надоместокот  на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања ќе се зголеми за 30 отсто.  Ќе има и ново право на парична помош, за лицата без горни екстремитети“, изјави Лимани.

Ќе има и нови 1.500 аудио книги за лицата со оштетен вид, изградба на патеки за слепи лица во сите градови, воведување на избирачки листи на Брајово писмо за лицата со оштетен вид, обука на толкувачи на знаковен јазик, поддршка за унификација на знаковен јазик и други.

„Ќе предвидиме програма за вработување на најмалку едно лице со попреченост во сите јавни институции со над 50 вработени. Ќе предвидиме посебни програми за лицата со попреченост што ќе започнат сопствен бизнис“, вели Лимани. 

Ќе има и програма за вработување на децата без родители и родителска грижа по наполнување на 18 години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44937
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во друго возило

09/08/2026

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy