
Ќе се зголеми минималната плата во Македонија
Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уште еднаш истакна дека владините мерки даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата.
Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена. Понатаму, Битиќи најавија зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
