Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ ГРАЃАНИТЕ ОД НЕОЧЕКУВАНИ СМЕТКИ? Се подготвува месечно отчитување на броилата за електрична енергија
Економија

ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ ГРАЃАНИТЕ ОД НЕОЧЕКУВАНИ СМЕТКИ? Се подготвува месечно отчитување на броилата за електрична енергија

25/03/2025

AA

Регулаторната комисија за енергетика подготвува измена и дополнување на правилата за снабдување со електрична енергија, со што отчитувањето на броилата кај потрошувачите ќе биде на месечно ниво, наместо како досега на секои три месеци. Со тоа се очекува граѓаните да добиваат реални, наместо паушални пресметки, откако голем број од нив во изминатиот период се пожалија дека за месеците декември, јануари или февруари платиле за нешто што не го потрошиле.

– Во Правилата за снабдување со електрична енергија, во членот 29 во
ставот (5) зборовите “квартално во текот на календарската година” се заменуваат со зборовите
“месечно”, пишува во предлог-измената што РКЕ ја разгледувала како точка на подготвителната седница на 20 март.

Отчитувањето ќе се врши на почетокот на секој календарски месец, а ова, како што објаснува РКЕ во образложението, се прави поради големиот број на преставки пристигнати до регулаторното тело.

„Отчитувањето на мерните уреди согласно востановената пракса на работењето на операторите на
електродистрибутивните системи во повеќето земји членки на Европската Унија, како и во регионот
се врши еднаш годишно.
Меѓутоа, со оглед на тоа дека во текот на 2024 година како и во тековната 2025 година се пристигнати
голем број на претставки и поплаки од потрошувачите со кои се наведува дека фактурирањето се
врши не на отчитана состојба на мерните уреди туку врз основа на проценета состојба, за соодветниот
пресметковен период, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со
комунален отпад на Република Северна Македонија пристапи кон измена на посочената одредба со
што се утврди дека отчитувањето на мерните уреди ќе се прави месечно, освен во оддалечени
подрачја и таму каде што овластени лица на операторот на електродистрибутивниот систем немаат
пристап и со тоа ќе се обезбеди поголема заштита на правото на потрошувачите за правично
определување на висината на услугата според реално направената потрошувачка на електрична
енергија, а воедно ќе се задолжи операторот на електродистрибутивниот систем редовно да ги
отчитува мерните уреди“, пишува во образложението.

Десетина дена претходно Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија, заради „спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата“.

Од таму побараа да се изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да се воведе месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција, или во случај кога броилото не е отчитано, ЕВН да издава фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а откако ќе се изврши реално отчитување, потрошувачот да добие корегирана фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.

„Паушалното одредување на потрошувачката и внесувањето на корисниците во повисоки ценовни блокови при само ±10 проценти пречекорување на блоковите на годишно ниво може да предизвика значителни разлики во наплатата во однос на реалната потрошувачка“, реагираа од здружението.

Од РКЕ вчера најавија дека точката наскоро ќе биде усвоена, односно правилата ќе бидат официјално изменети и наскоро, можеби уште во текот на оваа недела, ќе стапат на сила. Во текот на вчерашниот ден имало и состанок со здружението, иако на оваа процедура се работело подолго време заедно со Министерството за енергетика.

„РКЕ во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачи.

Меѓу нив се : месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.
Овие механизами се дел од заедничкото делување со ресорното министерство со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – потрошувачите кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, објавија од РКЕ.

Во меѓувреме продолжуваат и понатаму поплаките од страна на граѓаните, а некои од нив се организираа на протести.

– Имам викендичка во Кучевиште. Во текот на февруари бев само три пати на по еден ден. Сметката што ја добив изнесуваше 13.000 денари, ни рече еден од потрошувачите кои се пожали до нашата редакција.

Според опозицијата, електричната енергија е поскапена за 30 отсто, но не поради отчитувањето на броилата, туку поради лошото менаџирање на владата. Премиерот Христијан Мицкоски пак порача дека не смее сметките за потрошена електрична енергија на граѓаните да се зголемуваат заради нередовно читање на броилата.

За еден месец од 24 декември до 25 јануари на адресата на ЕВН Хоум пристигнале 15 илјади барања за корекции на високите сметки за струја. Само мал број од нив – 2.200 (15 отсто) е утврдено дека се основани и за нив е извршена корекција на сметките. За останатите е утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка. До РКЕ, како второстепен орган, до 28 февруари се пристигнати 345 приговори.

Во Македонија има вкупно 820 илјади броила. Според законот, ЕВН Хоме е должно квартално (на секои 3 месеци) да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy