
ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ДЕЛ ОД ДОБИВКАТА, АМА ЦЕНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ПАЃААТ – Маск ќе направи се за побарувачката да порасне
Шефот на „Тесла“ Илон Маск најави дека компанијата ќе продолжи да ги намалува цените на своите електрични возила за да ја стимулира побарувачката.
Маск тврди дека „Тесла“ може финансиски да издржи намалување на цените на своите производи, по цена да ја намали оперативната добивка и со тоа да стекне предност пред конкуренцијата, пренесува Блумберг.
Основната цена за „Tesla“ Model 3 падна под 36.471 евро за прв пат по неколку години, што значи дека од почетокот на годината цената на ова возило е намалена за околу 6.381 евро.
Ова намалување се одрази и на оперативната добивка на „Тесла“ во првиот квартал од оваа година, која изнесува 11,4 отсто, што е за 4,6 отсто помалку во однос на претходниот квартал.
Оперативната добивка на „Тесла“ во првиот квартал од претходната година изнесува 19,2 отсто, потсетува Блумберг.
И покрај овој пад, Tesla може да се пофали со поголем оперативен профит од повеќето производители на автомобили.
Во 2022 година Џенерал Моторс забележа оперативен профит од 6,6 отсто, а компанијата „Форд“ само четири отсто.
(Извор: Танјуг)
