Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ КРАН ДА ГО КРЕНЕ „ФАКОМ“? Кралот на челичните конструкции изгуби 70 oтсто од приходите
Економија

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ КРАН ДА ГО КРЕНЕ „ФАКОМ“? Кралот на челичните конструкции изгуби 70 oтсто од приходите

07/03/2025

AA

Македонската гордост во областа на челичните конструкции „Факом’ ги живее своите најтешки и најнеизвесни денови во последната деценија. Последните официјални податоци достапни на Македонската берза покажуваат дека „Факом“ е лице в лице со предизвикот „да се биде или не“

Компанијата „Факом“ лани изгуби 70 отсто од своите приходи, а ја заврши годината со загуба од 3,2 милиони евра. Приходите од продажба на „Факом“ лани изнесуваа 5,3 милиони евра и се дури 70 отсто пониски од претходната година. При тоа евидентно е дека во структурата на продажби домашниот и странските пазари се речиси изедначени со блага предност на извозот. А тука е и клучниот проблем за 2024 година. „Факом“ во своето објаснување кон финансиските резултати укажува дека лани врз лошите резултати во значајна мерка влијаела продуктивноста односно доцнењето на материјали од кинескиот добавувач. Односно тоа што требало да влезе во продукција во „Факом“ во септември стигнало во нивите погони дури во декември. И тоа во одредена и значајна мерка го објаснува финансискиот резултат на оваа македонска компанија.

Оперативните расходи на „Факом“ изнесуваат 8,6 милиони евра и тие се за 50 отсто пониски од претходната споредбена година. За тоа дека е лоша состојбата во „Факом“ најсликовиот говори фактот за намалените трошоци за вработените лани. За нив компанијата издвоила нешто над 3,2 милиони евра. А тоа е за 52 отсто помалку од претходната 2023 година. Очигледно дека „Факом“ го намалил значајно своето производство па отпуштал вработени или ги намалил трошоците за нив со тоа што добиле принуден одмор.

И згора на тоа, компанијата лани имала и финансиски расходи во износ од 413.000 евра. Дури и трошоците за камати и за курсни разлики биле повисоки за 7 отсто во споредба со 2023 година.

Финансиско – материјалната состојба на „Факом“ не е за пофалба. Компанијата на крај на 2024 година имала обврски од речиеи една милијарда денари односно 16,25 милиони евра. Неговите обврски лани пораснале за 14 отсто. На крај на 2024 година „Факом“ на добавувачи должел над 10 милиони евра, а за краткорочни кредити должел 4,4 милиони евра.

На крајот на годината неговите обврски биле три пати повисоки од книговодствената вредност на неговата главнина и резерви.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy