Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се доуредува легислативата во делот на складирање на електрична енергија произведена од ОИЕ
Македонија

Ќе се доуредува легислативата во делот на складирање на електрична енергија произведена од ОИЕ

17/02/2023

AA

Формирање на Работна група за доработка на легислативата во делот на складирање на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија (ОИЕ) во батериски системи и забрзување на процесот со цел да се направи извесност и предвидливост за сите инвеститори во иднина е договорено на денешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски со Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора. На состанокот беа присутни и претставници на ЕВН и на МЕПСО како членки на МЕА кои се одговорни за приклучување на ОИЕ на дистрибутивната и на преносната мрежа.

Инсталирањето на батерии кај електраните кои ја користат сончевата енергија за производство на струја ќе ја зголеми инвестицијата за 10 до 20 отсто, но ќе им овозможи на инвеститорите да продаваат електрична енергија и во периодите кога побарувачката помала од понудата со што ќе имаат многу подобар пазарен продукт и на тој начин нема да имаат загуби од нивното инсталирање.

-На денешниот состанок со МЕА разговаравме за две многу важни теми за воведување на нова легислатива. Одлучивме да формираме работна група во која ќе има претставници од МЕА и различни институции што ќе работат на легислативата во делот на складирање на електрична енергија како дополнителна потреба од страна на инвеститорите и на државата во делот на ОИЕ, особено од фотонапонските централи, изјави Бектеши по состанокот и додаде дека тие ќе ја утврдуваат постапката и начинот како процедурите да бидат поедноставни и инвестициите да бидат профитабилни.

При тоа, како што рече, во предвид ќе се земе можноста на дистрибутивниот и преносниот систем за да го прифати производството на струја од ОИЕ во земјава.

-Работиме транспарентно и отворено и ја информираме Стопанската комора, но очекуваме и придонес од нивна страна во делот на подобрувањето на легислативата заради искусните стопанственици кои ги имаат. На тој начин заедно можеме да градиме одржлив енергетски систем и да се обидеме што побрзо да ја направиме транзицијата на енергетскиот сектор, рече Бектеши.

Потенцира дека во земјава има голем број на инвестиции во ОИЕ согласно податоците од ЕВН и од МЕПСО.

Тој ги повика сите потенцијални инвеститори внимателно да ги следат сите процедури за да не дојдеме во ситуација, како што рече, да имаме многу поголемо производство од потребите што ги има државата.

Претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев истакна дека сите фотоволтаици произведуваат електрична енергија во исто време и 80 отсто од произведената електрична енергија во текот на годината е во периодот од април до септември и од 9:00 до 17:00 часот.

-Затоа не смееме да дозволиме во тој период да има големи вишоци со илјадници мегавати, бидејќи нема да се знае што да се прави со таа енергија. Единствено решение е енергијата да се складира во батериски системи. Тие треба да се опфатат во нашата легислатива во законските и подзаконските акти. Токму на денешниот состанок ја инициравме таа постапка, рече Анѓушев.

Посочи дека батериите можат да бидат од еден киловат час до 10 за домашна употреба, од 300 до 500 киловат часови за потребите на индустриските објекти, неколку мегават часови за веќе постојни и идно градени производни капацитети за производство на електрична енергија од фотоволтаици или да бидат самостојни батериски системи со стотици мегават часови во кои сите ќе можат да складираат енергија, односно еден вид централа од батерии.

-Транзицијата кон ОИЕ е нашето единствено решение како држава бидејќи немаме други ресурси, но енергетската транзиција треба да се прави организирано за да не стане проблем, туку решение, посочи Анѓушев.

Претседателот на РКЕ Бислимоски појасни дека во летниот период кога има најголемо производство на електрична енергија од фотоволтаици возможно е во периодот од 9:00 до 17:00 часот да има вишоци на енергија.

-Со цел таа енергија да се искористи рационално потребно е секој кој има фотоволтаици да инсталира батериски системи, а на тоа ќе ги натера и пазарот со цел нивното производно портфолио да биде поконкурентно и со подобра цена. Тоа е најдобар начин да ја складираат енергијата и да ја понудат на пазарот кога ќе нема сонце, односно во ноќните часови, рече Бислимоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy